Со голот на Мартин Стојанов во 38. минута, тимот на Тиквеш, на домашен терен во рамките од тековното 21. ПМФЛ коло успеа да слави со минимални 1:0 против тимот на Пелистер.
Клучниот момент се случи при крајот на првото полувреме кога Лусијано асистираше за Стојанов, а овој со помош на десниот дирек на голот на Јовчевски погоди за водство, а како што потоа се покажа и како конечен резултат.
Самиот меч и започна со шансата на Стојанов, кој на асистенција на Стојковски имаше шанса но не ја искористи.
Лусијано имаше огромна можност која токму Стојанов асистираше за него, а овој со ударо од „прва“ ја погоди гредата на голот на Пелистер.
Промашен зицер на Керим за изедначување
Во второто полувреме Пелистер се обиде да се врати резултатски во игра, имаше каква таква иницијатива, но не успеа да реализира барем за изендачување.
Шансата на мечот за гостите на имаше Вилдан Керим кој што на асистенција на Здравковиќ имаше „зицер“ ситуација која што напаѓачот не ја реализираше.















