Стојчевски во Кратово, Бафто во Тетово

760

Во очекување на утрешните дуели од последното 22. коло од вториот круг на домашниот фудбалски шампионат, познати се и главните арбитри кои ќе ја делат правдата.

Дербито меѓу Силекс и Вардар во Кратово ќе го суди нашиот интернационален судија Игор Стојчевски од Скопје.

Дуелот во Тетово меѓу екипите на Шкендија и Брера ќе му припадне на Фатмир Бафто. И двата дуели почнуваат во 14 часот.

ПретходноМиовски на клупа, Ренџерс поразен на пенали, навивачите приредија хаос (ВИДЕО)
СледноМаџари и МКК Куманово со нови победи се поблизу до плеј-оф