Некогашниот У21 репрезентативец на Македонија, и интернационалец во Австралија, Стефан Чолаковски викендов е стрелец во ремито 2:2 на својот тим Перт Глори на гостувањето кај Оукленд.
Чолаковски погоди за 1:2, водство во второто полувреме но неговиот тим сепак, не успеа да издржи и стигна само до бод.
Сепак, убаво е да се види дека напаѓачот е повторно во голгетерска форма, и прави одличен кам бек по повредата на вкрстените лигаменти и рехабилитацијата која што траеше извесен период.










