Ашаданов пред продолжение на квалификациите: “Сите заедно треба да ги поддржиме овие деца!“

92

Пред женскиот сениорски национален тим е вториот квалификациски ФИБА „прозорец“. Оној преку кој ќе се „профилираат“ трите репрезентации кои ќе продолжат во наредната натпреварувачка фаза од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година.

Во „рок“ од само седум дена, нашите најдобри кошаркарки ќе одиграат уште три средби од „Ф“ квалификацската група.

Во средба, следува гостување во Копенхаген, и дуел со селекцијата на Данска. Три дена подоцна, следува уште еден натпревар на гостински терен. Оној на 14. март во Солун, против селекцијата на Грција, додека овој квалификациски „прозорец“ завршува на 17 март, и мечот со репрезентацијата на Хрватска, пред нашата публика, во салата „Градски парк“ во Скопје.

Следува вториот дел од квалификацискиот циклус за Европското првенство. Повторно играме со трите исти репрезентации, само по обратен редослед. Односно гостување кај екипите на Данска и на Грција, и на домашен терен играме со Хрватска.

За разлика од претходниот циклус, ова е нешто ново за нас, или нешто што е сменето е нашиот состав, кој што е далеку подмладен за разлика од претходниот. Некои од возрасните кошаркарки се веќе откажани, и веќе нема да присуствуваат на натпреварите.

Затоа имаме една млада репрезентација, која пред себе треба да покаже желба, треба да го покаже тоа што го знае, и да започне нешто што треба да се гради во наредните години“ – појаснува селекторот Ашаданов во пресрет на мартовскиот ФИБА „прозорец“.

Со оглед на актуелниот момент, извесно е дека пред овој актуелен ростер, со неколку нови кошаркарки како Дора Алексова и Вања Милосављевиќ, и повратникот во тимот, Михаелла Алексовска, резултатски императиви не постојат.

За очекувањата од натпреварите кои следуваат, пред се, очекуваме да го дадеме својот максимум. Да покажеме борба, а се што ќе ни се пружи како шанса, сигурно дека ќе се обидеме да го земеме.

Како спортски работник никогаш не можам дада кажам дека се откажувам од победите. Или да се откажувам од некое повисоко место на табелата. Амбициите ми се секогаш исти. Дека секогаш сакам да победувам, без разлика на тоа дали била Грција, дали била Хрватска.

Но ако ја видиме реалната ситуација, само треба да знаеме дека ние треба да им дадеме шанса. И затоа ако ни се пружи првата можност, сигурно ќе пробаме да ја искористиме. Но ова се деца, и јас потполно ги охрабрувам, а се надевам дека ќе ги охрабри и целата наша нација, затоа што тие треба да бидат иднината на женската кошарка во наредниот период– заклучува селекторот на нашата женска сениорска репрезентација.

ПретходноСелекторот на Ирак бара одложување на баражите за СП 2026
СледноПМФЛ: Вардар го ОСВОИ Кратово и како лидер влегува во третиот круг!(ФОТО)