Сан Антонио Спарс убедливо ги победија Хјустон Рокетс со 145:120 и ја забележаа четвртата последователна победа во НБА во еден од најинтересните дуели синоќа. Спарси до победата дојдоа со убедлива офанзивна игра, бидејќи шутираа со 58 проценти од поле, погодија 21 тројка од 40 обиди, а забележаа и 38 асистенции.
Вембањама беше движечката сила зад нападот на домашниот тим. Тој постигна 29 поени, а заедно со него одлични беа и Стефон Касл со 23 и Келдон Џонсон постигна 20 поени. Кевин Дурант и Амен Томпсон го предводеа Хјустон со по 23 поени.
Њу Орлеанс ги победија Вашингтон со 138-118. Визардсите сега се во серија од осум порази, а со бројот на повредени играчи, ситуацијата има потенцијал да се влоши. Од друга страна, Пеликанс го добија својот шести натпревар од последните девет. Треј Марфи заврши со 24 поени, додека Садик Беј додаде 23 против својот поранешен клуб. Најефикасни играчи на „Визардс“ беа Треј Џонсон со 20 поени и Вил Рајли со 19.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Њу Орлеанс – Вашингтон 138:118
Милвоки – Орландо 91:130
Сан Антонио – Хјустон 145:120
Портланд – Индијана 131:111
Сакраменто – Чикаго 126:110
Феникс – Шарлот 111:99
Торонто – Далас 122:92
Мајами – Детроит 121:110
ЛА Лејкерс – Њујорк 110:97










