Херојски потег на некогашниот дефанзивец на Струга ТЛ. Дваесет и осумгодишниот Сава Радиќ престојува на Малта речиси една година, а покрај одличните игри што ги пружа како централен дефанзивец на „Валета“, овие денови ужива голема популарност и благодарност кај малтежаните за неговиот хуман гест. Имено, за време на несреќата на натпреварот, тој истрча до противничкиот играч и му помогна да го врати здивот. Интересно е што токму тој ден Нишлија го прослави својот 28-ми роденден, за кој вели дека ќе го памети до крајот на животот, објавува во ексклузивно интервју за Replay (Net Television).
Сè се случи во миг. За време на минатонеделното дерби помеѓу клубовите „Валета Фудбал Клуб“ и „Хамрун Спартанс Фудбал Клуб“, во четвртфиналето на Купот на Малта, младиот Нишлија покажа не само голема храброст, туку и исклучителна човечност. Неговиот гест, кога веднаш истрча кон противничкиот играч Матијас Гарсија, кој се струполи на теренот по судир со играч на Валета, сè уште се раскажува на островот. Играчот од средниот ред на Хамрун лежеше неподвижен, во несвест, додека неговиот живот висеше на конец. Во момент на голема смиреност и храброст, Радиќ истрча кај Гарсија и му пружи прва помош, пред медицинските екипи на двата клуба да пристигнат неколку секунди подоцна. Неговата брза реакција беше клучна и на крајот го спаси животот на малтешкиот интернационалец.
Кога добрата вест стигна во неговиот роден Ниш, Радиќ скромно се присети на драматичниот момент и објасни дека најважно е да се остане смирен.
„Кога го видов, не се движеше. Се обидов да му ја отворам устата, но беше многу тешко. Во еден момент успеав да ја отворам. Сфатив дека јазикот му се вратил назад и се обидов да го прилагодам за да може да дише“, рече Радиќ.
Нишлија додава дека во тој момент дури и не почувствувал дека играчот инстинктивно го каснал.
„Во еден момент почна силно да ги стиска забите, но морав да продолжам. Кога успеав да му го прилагодам јазикот, почна да дише и тогаш знаев дека е добро“, рече овој фудбалер – херој.










