ПМФЛ: Брера ја шокираше Шкендија среде Тетово!

397

Сензационални 1:1 под Шара на средбата Шкендија – Брера. Меч од 22.коло, и меч кој на тетовци им требаше само победа, но сепак не дојдоа до нејзе. А виновник за тоа е Виктор Велкоски кој во 90+4.минута по една контра го совлада Гаје за конечни 1:1,за голем бод за струмичани.

Па така нема “шест од шест“ за шампионот оваа пролет. Прекин на серијата за тимот на Јетон Беќири во најнезгоден момент, иако и ако победеше Шкендија сепак немаше да беше лидер ако се знае дека Вардар успеа да победи во Крартово.

Па така сега и дефинитивно се знае дека шампионот во третиот круг ќе влезе како второпласиран.

Инаку Брера одигра одличен меч, во неколку наврати опасно се закани, посебно по исклучувањето на домапшниот дефанзивец Имран Фетаи во 16.минута. Гостите ја погодија и стативата на домашните во првото полувреме.

Сепак на пауза се замина со водство на Шкендија и тоа со голот на Красниќи во 33.минута по асистенцијата на Ибраими. Во продолжение од средбата тетовци посакуваа втор гол,а гостите израмнување до кое дојдоа во четвртата минута од судиското продолжение кога Велкоски ја шокираше домашната екипа.

Сега по ова коло Шкендија има -3 бода во однос на лидерот Вардар.

ПретходноПМФЛ: Вардар го ОСВОИ Кратово и како лидер влегува во третиот круг!(ФОТО)
СледноПознат е распоредот во третиот круг: Вардар домаќин на Шкендија во последното коло!(ФОТО)