ПМФЛ: Вардар го ОСВОИ Кратово и како лидер влегува во третиот круг!(ФОТО)

321

Вардар дојде во Кратово по победа и успеа да ја оствари и тоа со 0:1 и тоа со голот на Стефан Цветковиќ во 43минута. Па така Вардар и по ова 22.коло остана лидер на табелата па затоа како прв влегува во третиот круг во шампионатот. Тоа беше целта на тимот Гоце Седлоски и таа беше остварена.

Меч кој брзо ќе се заборави. Вардар подобар, имаше барем 6-7 големи шанси, трипати ја гаѓаа гостите стативата на Џеков. Сепак победа си е победа. Ова е и крај на лошата серија на вардарци од три меча без победа.

Само во првите минута – две кратовци покажаа агресивност, но ништо од тоа. Вардар многу бргу ја презема иницијативата и просто доминираше на теренот во Кратово.

Се редеа шанси и шанси пред голот на Силекс. Во 9.минута Цветковиќ имаше зицер, но стоперот Бутуровиќ не дозволи гостинска радост. Три минути подоцна истиот играч имаше супер шанса, но сега Џеков спасува и ја одбива во корнер. По нафрлувањето Велковски со шут со глава ја погоди стативата, и Закариќ нешто подоцна ја погоди пречката на Силекс.

Во 26.минута судијата Стојчевски му покажа втор жолт, односно црвен на Додев, па така домашните останаа со играч помалку. Офанзивецот на Силекс премногу емотивно го доживеа овој момент па со солзи во очите го напушти теренот. Исклучен беше и домашниот тренер Александар Васоски.

Во продолжение Вардар напѓаше, имаше шанси, ама водечкиот гол падна дури во 43.минута кога Цветковиќ со својот четврти гол ова пролет, му донесе водство на Вардар. Со тој резултат се замина на пауза.

Само што започна второто полувреме Цветковиќ повторно имаше зицер, но сега шутираше високо над голот на Џеков за воздишки кај гостите. На ред дојде Јанкулов да ја погоди стативата на домашните, и тоа во 54.минута, па така резултатот и натаму гласеше 0:1 за Вардар. Да не биде така малку недостигаше во 63.минута кога Алиќ беше во шанса, но сепак немаше израмнување. Напаѓачот на Силекс не беше прецизен за среќа на гостите.

Во финишот на мечот Мишковски го фаулираше Алиќ, а домашниот фудбалер со повреда на главата беше префрлен во болница со возилото на Брзата помош.

 

 

 

No description available.

 

No description available.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноАшаданов пред продолжение на квалификациите: “Сите заедно треба да ги поддржиме овие деца!“
СледноПМФЛ: Брера ја шокираше Шкендија среде Тетово!