Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ се врати во Хрватска. „Добриот дух“ на соблекувалната на Задар по две шампионски титули во 2023 и 2024 година, повторно е играч на хрватскиот состав.
Мекиќ се враќа во дресот на Задар од екипата на Бор од Косово со која го раскина договорот неодамна.
Мекиќ добро го познава тимот, играјќи и со дел од денешните кошаркари на хрватскиот состав. Како што објавија од клубот, тој потпишал договор со Задар до крајот на сезоната.










