Никој не очекуваше во моментов лидерот на домашмата ПМФЛ конкуренција, тимот на Вардар да влезе во играчка и резултатска криза, но ете, токму тоа се случи. Испаѓањето од Купот на Македонија, каде што Вардар ја бранеѓе титулата од лани, ремито во Струга против Трим Лум како и поразот во големото дерби против Шкендија на негов терен, во таборот на Вардар создадоа немир. Бодовната разлика помеѓу Вардар и Шкендија сега е драстично намалена, па денешниот дуел против Силекс кој што се игра во Кратово од 14:00 часот е повод за еден вид играчка и резултатска рехабилитација по се што на „црвено – црниот“ табор му се случи периодов.
Дека ќе е лесно да се оствари позитивен резултат секако дека не, затоа што Силекс во моментов има пак три мечеви во серија без пораз. Сосема спротивното.
Конечно, Вардар не би бил лидер, и најголем фаворит за титулата во моментов, ако нема капацитет и квалитет да се справи и со оваа ситуација, и избраниците на Гоце Седлоски тоа добро го знаат.
Вардар во моментов има 52 поени, еден повеќе од второпласираната Шкендија која што денеска во исто време го игра својот домашен меч од 22. Коло против тимот на Брера. Силекс е четврти со 39 поени.















