Полувреме: Вардар води во Кратово, Шкендија со водство под Шара! (ВИДЕО)

242

Завршија првите полувремиња од денешните два меча од 22.коло во ПМФЛ, последно од вториот круг.

Вардар со голот на Цветковиќ во 42.минута успеа да поведе во Кратово. Лидерот апсолутно доминираше, имаше барем 5-6 големи шанси, Велковски и Закариќ ја погодија стативата во два наврати. Силекс е дезоринетиран по исклучувањето на Додев во 25.минута а тренерот Васоски пратен на трибини. Заслужено водство на тимот на стратегот Гоце Седлоски.

И во Тетово, каде играат Шкендија и Брера, домашен фудбалер беше исклучен и тоа Имран Фетаи кој во 16.минута доби директен црвен од судијата Фатмир Бафто. Сепак Шкендија на пауза замина со водство од 1:0 и тоа со голот на Красниќи во 33.минута откако беше проигран од Ибраими.

Ако останат вака резултатите на овие два меча, тогаш Вардар ќе остане лидер и ќе “влезе“ како прв во третиот круг од тековната сезона.

ПретходноМота и Де Зерби кандидати за клупата на Тотенхем
СледноСелекторот на Ирак бара одложување на баражите за СП 2026