Моќно издание на Вардар против Мелсунген за 1/4 финале во Европската лига

442

Вардар 1961 одигра уште еден одличен европски меч, овој пат за директен пласман во четвртфиналето во Европската лига. Македонскиот тим на гостувањето кај Мелсунген славеше со 25-34 и заврши на првото место во својата група 3 во главната рунда. За место на завршницата „црвено-црните“ ќе играат со подобриот од мечот меѓу Монеплје и Елверум.

Да Силва постигна шест гола, исто колку и Воркапиќ, додека стрелец на пет гола беше Боно.

Добар старт на избраниците на Иван Чупиќ, во првите десет минути отворија со 1-6, но потоа застанаа, пад во играта беше доволен знак за да домашниот тим врати со серија од 5-1 и израмни на 7-7 на средината на првото полувреме. Иван Чупиќ повика тајм-аут, а неговите момци одговорија на ист начин, со серија од 5-1 поведоа со 8-12 во 23 минута. На одморот резултатот беше 12-17. „Црвено-црните“ играа како на домашен терен, имаа бројна поддршка од своите навивачи чија песна ечеше постојано.

Со головите на Лазаревски и Тузолана, и една одбрана на Валах, Вардар за само три минути игра поведе со 12-20. Од овој момент, неколку судиски одлуки и исклучувања, Мелсунген со 7-3 дојде на 19-23.

На стартот на 50. минута, Вардар со головите на Гоце Георгиевски и Воркапиќ зголеми на 20-28. Оваа позитива се покажа како повеќе од доволна за победа за „црвено-црните“.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Бламажа на Тотенхем, реми на „Ст. Џејмс Парк“, Баерн е класа за Аталанта
СледноДва важни моменти: „Фештата“ во Германија, Парондо со искрени честитки до Вардарци