Така е во ПЛ: Го коментираше судењето па си заработи казна од 92.000 евра!

98
ФОТО: Premier League/FB

Така е тоа во Премиерлигата. Има некои правила кои мора по секоја цена да се почитуваат, ако не тогаш следува жестока казна. Така и во случајот со ѕвездата на Манчестер Сити.

Имено раководството на Премиер лигата не му прости на Родри, за јавното коментирање на судењето во Премиер лигата.
Шпанскиот репрезентативец и освојувач на „Златната топка“ беше казнет со 92.430 евра, бидејќи по натпреварот со Тотенхем, го обвини судијата Роберт Џонс дека „не е неутрален“.
Дисциплинската комисија на Премиер лигата само парично го казни Родри, Шпанецот избегна суспензија, па менаџерот Пеп Гвардиола ќе може да смета на него во следниот натпревар.
Родри беше бесен откако голот на Доминик Соланке беше признат откако се чини дека претходно го удри дефанзивецот на Сити, Марк Гуеи, во ногата.
„Знам дека освоивме премногу трофеи и луѓето не сакаат да победуваме, но судијата мора да биде неутрален. Не е фер бидејќи работевме толку напорно. Кога се ќе сезаврши, останувате фрустрирани“, рече Родри неодамна по нерешениот резултат со Тотенхем (2:2).

И замислете, за овој коментар Родри е казнет со 92.430 евра!

Неверојатно.

ПретходноТаневски за дуелот со Лихтенштајн повика 22. фудбалери
СледноАлаѓозовски: Одигравме добар меч, ВАР технологијата ги потврди добрите одлуки на судијата