Екипата на Брера проелтва одигра неколку мечеви со кои што може да се гордее. Како на пример оној вчера против Шкендија на гости каде што струмичани обезбедија бод во ремито 1:1.
Тренерот Мартин Алаѓозовски секако дека е задоволен од развојот на настаните, и додава дека Брера може и да жали што не доби повеќе од вчерашниот дуел.
„Како прво честитки за сите играчи за одработеното на терен, во текот на целиот натпревар одиграа дисциплинирано и ги извршијаа сите задачи.
Погодовиме дирек во првиот дел, имаше и шкендија своја иницијатива но на крај може да жалиме за трите бода.
Судиски одлуки не сакам да коментирам бидејки има и ВАР кој што само ги потврди добрите одлуки на главниот судија. Благодарност до Шкендија за добриот пречек.Ние дојдовме да играме фудбал имавме добри моменти, мал пад на концентрација при примениот гол но се на се задоволен од натпреварот“ – изјави за Спортспорт, кормиларот на Брера.















