Александра Стојановска:„Да им покажеме на помладите, како се бори и како се сака репрезентацијата!“

27
ФОТО:mkd.basketball/

Најдобрите македонски кошаркарки од вчера попладне се во Копенхаген, каде утре вечер, од 18.30 часот, против селекцијата на Данска, ќе го играат четврттиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година.

Во претходните три, нашата женска сениорска репрезентација стигна до победата токму против репрезентацијата на Данска, на свој терен во СРЦ „Кале“ бевме за еден поен подобри (79:78).

А утрешниот натпревар, нашата селекција го дочекува во доста изменети околности. Пред се, ќе недостасуваат неколку, и тоа како важни кошаркарки, пред се, доскорешниот капитен Анџелика Митрашиновиќ, која се повлече од активното играње на кошарка.

За очекување е капитенската лента да ја преземе најискусната во овој состав, Александра Стојановска.

Кои се нејзините очекувања во пресрет на мечевите кои следуваат во овој квалификациски циклус.

Очекувањата, нормално, не може да бидат како претходните. Во моментов се случува голема промена во националниот тим. Доаѓаат доста млади играчи, промената во играчкиот ростер е доста голема. Имаме т.н. „пензионирање“ на нашиот најдобар играч, Анџелика Митрашиновиќ, што драстично ја менува улогата на плејмејкерот во тимот.

Оттука, нашите очекувања се тие, да бидеме сите тука. Како екипа да го дадеме максимумот како и секогаш, и да им покажеме на тие млади играчи како се бори и како се сака репрезентацијата. Дали ќе успееме да оствариме победа, останува да видиме“.

Дали таа младост евидентирана со присуство во нашиот национален тим може да биде оној „Х-фактор“, односно факторот на изненадување во натпреварите кои ги имаме во овој мартовски ФИБА „прозрец“?

Зошто да не, имаме доста талентирани млади играчи во овој тим, кои се сеуште во фаза на раст, на развој. Пред се, како личности, Јас лично верувам во нив. И верувам дека може да изненадат и да покажат, евентуално, што знаат, што можат, бидејќи ова за нив е голема шанса“ смета Стојановска.

ПретходноДали навистина СП 2026 ќе биде одложено? Еве го одговорот на ФИФА!
СледноОсвојувачот на Златната топка пријавен во полиција поради воајеризам!(ФОТО)