Во новата промашена сезона во АБА2-лига: МЗТ Скопје го подвлече неочекуваниот потег на ТФТ

305

МЗТ Скопје ја заврши својата сезона во АБА2-лига. И овој пат актуелниот македонски првак не успеа ниту одблизу да стигне до место кое води во елитата. Вечерва „сино-белите“ запишаа пораз од 111-109 на гостински терен кај Широки после две продолженија.

Во кратката објава на „Фејсбук“ страницата МЗТ Скопје во две речници го опиша поразот, а потоа најави дека целосно се врти кон домашниот шампионат и мечот против ТФТ, кој неочекувано, според нив ќе се игра во Негорски Бањи.

Од таборот на МЗТ Скопје во цели три реченици вечерва успеаја да го подвлечат потегот на тимот од Тафталиџе, но не и резиме за големиот неуспех во второлигашкото јадранско натпреварување каде целосно потфрлија.

Да подвлечеме новинарски: Неочекувано МЗТ Скопје не е меѓу осумте најдобри во АБА2-лига, а неочекувано таму се најде ТФТ.

Ваквите реакции после еден голем пораз на еден тим кој има најголем буџет во прволигашката конкуренција во Македонија се испод секое ниво. Особено во иста вечер кога го завршуваат својот настап во АБА2-лига.

ПретходноЛШ: Њукасл и подари реми на Барса, Баерн и Атлетико (М) итаат кон четвртфинале (ВИДЕО)
СледноРеал им забрани на навивачите да скандираат: Пеп изгледаш како пе**р“