Работнички оствари минимална победа од 1-0 над Арсими во последниот меч од 22.коло во Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол беше Никола Манојлов во 66.минута.

Во неизвесен дуел, тимот од Дебар Маало успеа да искористи една шанса за да освои три бода. Во првиот дел, Арсими имаше свои шанси, но Ондоа беше одличен на голот на Работнички. Во 54.минута Арсими беше најблиску до водство. Селмани се одлучи за удар од далечина и ја погоди гредата од голот на Работнички.

Возврати Попзлатанов, но две минути подоцна Сухељ Мухарем имаше одлична шанса за Работнички. Се реши да лобува и за малку беше непрецизен. Во 66.минута, Работнички дојде во водство.

По една убава акција, топката дојде до нововлезениот Никола Манојлов кој успеа да ја затресе мрежата на Арсими. До крајот, Работнички успеа да го задржи минималното водство и да освои три важни бода.

















