Јау Јебоа и Дерик Џонс се играчите кои што се доживотно суспендирани од страна на професионалната фудбалска лига во САД, популарната МЛФ поради нелегално обложување на мечеви, на кои дел играле и самите тие.
Оспежната истрага спроведена од надлежните институции, докажа дека овие двајца нелегално вложувале пари на мечеви од МЛС лигата каде што настапувале, а и на мечеви на кои што играле и самите.
Додека обајцата биле дел од тимот на Колумбус Кру, во 2024 година, докажано е дека се овложиле дека Џонс ќе добие жолт картон што и навистина се случило.
Во 2025 година, Јау Јебоа ќе го предводи тимот на Лос Анџелес ФК, со кој учествуваше на Светското клупско првенство. Од своја страна, Дерик Џонс стана слободен агент по престојот во Колумбус Кру, клубот со кој триумфираше како шампион на Лига Купот во 2024 година. Сепак, сега нивните кариери во американската елита завршуваат засекогаш.










