Два важни моменти: „Фештата“ во Германија, Парондо со искрени честитки до Вардарци

859

Вардар 1961 го освои првото место во групата 3, а со тоа и обезбеди директен пласман во четвртфиналето во Европската лига. Вечерва македонскиот тим славеше убедливо на гости кај Мелсунген со 25-34.

Веќе е познато кој ќе стои на патот на „црвено-црните“ кон пласман на завршницата во ова натпреварување. Избраниците на Иван Чупиќ ќе играат со подобриот од пресметката меѓу Монпелје и Елверум.

Покрај убедливото издание на „црвено-црните“ за одбележување се два важни моменти. Првиот дека Вардар 1961 играше пред бројни свои фанови, кои постојано ги поддржуваа своите миленици, на крајот сите заедно со прославија пласманот во четвртфинале.

И вториот момент е искрено подадената рака на Роберто Гарсија Парондо, кој ги почека сите ракометари за да им ја честита победата. Шпанскиот стратег има убави спомени со Вардар 1961, тој ја освои втората титула во Лигата на шампиони.

ПретходноМоќно издание на Вардар против Мелсунген за 1/4 финале во Европската лига
СледноПораз за крај: МЗТ Скопје А. по две продолженија загуби и се прости од АБА 2