Македонската ракометна репрезентативка, Јована Кипријановска ги доби почестите да биде дел од дрим тимот од третото и четвртото квалификациско коло за ЕП 2026.
Кипријановска одигра одлични дуели против Белгија по што ваквиот развој на настаните не изненадува никого.
Според ЕХФ кој што практикува да ги бира најдобрите по две одиграни кола, Кипријановска е прогласена за најдобар десен бек.
Нашата ракометарка со седум гола беше најефикасна при несреќниот пораз во Белгија, а потоа даде и шест гола на реваншот во Куманово во победата над истиот ривал, наметнувајќи се како еден од лидерите на оваа македонска репрезентација.
The 𝗯𝗲𝘀𝘁 𝗽𝗲𝗿𝗳𝗼𝗿𝗺𝗲𝗿𝘀 of rounds 3⃣ & 4⃣! ✨ Meet the 𝗧𝗘𝗔𝗠 𝗢𝗙 𝗧𝗛𝗘 𝗪𝗘𝗘𝗞! 😍 #ehfeuro2026 #handball #behere pic.twitter.com/P1hoodv2iy
— EHF EURO (@EHFEURO) March 10, 2026










