ЛШ: Пекол во Истанбул за “Редси“, Барса му гостува на Њукасл, Баерн на гости во Бергамо!(ФОТО)

148
ФОТО:.facebook.com/Galatasaray/

Вечерва со првите мечеви стартува 1/8 финалето во годинашната Лига на Шампионите. Четири меча од кои се очекува спектакуларен фудбал, ама големите спектакли се оставени за утре.

Сепак ни вечерва нема да изостанат големите возбудувања.

Имено од терминот од 18:45 часот, играат Галатасарај и Ливерпул. Повеќе од јасно е дека “Редси“ ги чека пекол во Истанбул на „Рамс Парк“. Турскиот шампион во минатата рунда го мина Јуве, дали сега е на ред шампионот на Англија.

Барселона која е во добра форма му гостува на Њукасл во терминот од 21 часот. Се знае кој е фаворит, но “страчките“ си имаат свои амбици, посебно ако се знае дека оваа сезона не им оди најдобро во Премиерлигата. Ќе може ли да го сопрат Ламине Јамал? Останува да се види.

Хари Кејн и другарите гостуваат во Бергамо кај Аталанта, додека на “Метрополитано“ во Мадрид четата на Чоло Симеоне се среќава со Тотенхем кој има ужасна сезона во ПЛ.

Реваншите се закажани за 17/18 март.

Претходно“Земјотрес“ во Мадрид: Некогашниот ас на Барса на клупата на Реал?!
СледноПочина некогашниот фудбалски судија Васил Кировски Џери (1948–2026)