Освојувачот на Златната топка пријавен во полиција поради воајеризам!(ФОТО)

164
фото: Manchester City (X)

Ѕвездата на Манчестер Сити и шпанската репрезентација, Родри, се најде во центарот на бизарен скандал! Светскиот фудбалер на годината за 2024 година се соочува со полициска пријава откако соседите во луксузна станбена зграда во Салфорд го обвинија дека користел дрон за да – ги шпионира преку нивните прозорци!

Жителите на блиските облакодери тврдат дека Родри редовно го контролира леталото од својот балкон, но дека дронот се приближува опасно до нивните домови, нарушувајќи ја нивната приватност. Еден од лутите станари, возач на камион кој живее на 34-тиот кат, раскажа за британскиот „The Sun“ за непријатното искуство.

Мојата девојка и јас гледавме телевизија кога забележавме зелено трепкачко светло веднаш надвор од прозорецот. Го видовме дронот како лебди, а потоа се врати директно на балконот на Родри. Тој човек ги има сите пари на светот, а времето го поминува снимајќи ги прозорците на другите луѓе“ – соседот е бесен.

Друг станар додаде дека неговата партнерка била видливо вознемирена бидејќи леталото било само еден метар оддалечено од стаклото:
“Предноста на живеењето на оваа висина е што никој не те гледа, но сега нè малтретира Родри и неговиот дрон“.

Соседите ја пријавиле ѕвездата на Сити во полиција за воајеризам.

ПретходноАлександра Стојановска:„Да им покажеме на помладите, како се бори и како се сака репрезентацијата!“
Следно“Земјотрес“ во Мадрид: Некогашниот ас на Барса на клупата на Реал?!