Македонскиот борач Бесир Алили утре ќе се бори за бронзен медал на Европското првенство за помлади сениори (У23) кое се одржува во Зрењанин, Србија.
Алили во четвртфиналето (-61 кг.) имаше доминантна борба против Марсагишвили од Грузија победувајќи го со 10-0, по што следеше многу тежок меч во полуфиналето против Азербејџанецот Алахвердиев. Во интересна борба на крај Алили беше поразен со 12:5.
Утре на душекот во Зрењанин, Алили во борба за бронзениот медал ќе се сретне со Украинецот Шокаљук.










