Две сценарија го водат Вардар 1961 во 1/4 финалето во Европската лига

507

Екипата на Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) му гостува на Мелсунген во последниот натпревар од главната рунда во Европската лига. Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци овој дуел го пречекуваат како лидери во својата група 3, и ќе имаат шанса да обезбедат директно место во четвртфиналето во ова натпреварување.

Вардар 1961 го водат две сценарија до 1/4 финалето, победа или реми ќе значат дека македонскиот тим ќе ја прекокнат нокаут фазата.

Првата средба во Скопје заврши со победа на македонскиот тим од 37-33, но тогаш бундес-лигашот дојде до вториот тим, па сега Роберто Гарсија Парондо сигурно после поразот од Кристијанштад ќе сака да дојде до триумф и до првото место. И двата тима имаат по шест бода, додека за третата позиција во нивната група ќе одлучат Бенфика и Кристијанштад.

Група III
Вардар 1961 ќе се квалификува во четвртфиналето ако победи или одигра нерешено против Мелсунген.

МТ Мелсунген ќе се квалификува во четвртфиналето ако победи против Вардар 1961.

Бенфика ќе се квалификува во плејофот ако победи или одигра нерешено против Кристијанштад.

Кристијанштад ќе се квалификува во плејофот ако победи против Бенфика.

 

ПретходноХаос на Островот: Фановите обвинуваат дека ждрепката во ФА Купот е “наместена“!(ФОТО)
СледноСамо трите бода имаат вредност за Работнички на дуелот со Арсими