Дали на повидок фудбалски “земјотрес“ во Мадрид, во Ла Лига или воопшто во светот на фудбалот? Јасно е дека Алваро Арбелоа наскоро ќе биде бивши на клупата на Реал Марид. Се споменуваат Јирген Клоп, потоа Маурицио Покетино а вистинска сензација е името на Цеск Фабрегас, стратегот на Комо и некогашна голема ѕвезда на Барселона од нејзините златни времиња со Меси и компанија.
Новите извештаи од Шпанија сугерираат дека Реал Мадрид внимателно го следи тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, и го стави на потесен избор за клупата следната сезона!
Според спортскиот аналитичар Хорхе Пикон за „Ел Десмарк“, Фабрегас е еден од тренерите кои особено ги импресионираа челниците на Реал. Во кралскиот клуб го ценат неговиот стил на работа, комуникациските вештини и веруваат дека тој би можел да биде сериозен кандидат да го преземе тимот во наредниот период.
Во моментов, Реал Мадрид има привремен менаџер, Алваро Арбелоа, откако Чаби Алонсо беше отпуштен во јануари. Ова би можела да биде една од ретките понуди што би можеле да го убедат Фабрегас да го напушти проектот во Комо, со кого моментално е четврти во Серија А.
За само две години, Фабрегас го водеше клубот од Серија Б до борба за место во Лигата на шампионите, како и до полуфиналето на Купот на Италија, каде што ќе се сретнат со Интер.










