Кипријановска меѓу најдобрите во квалификациите за ЕП

43

Македонската ракометна репрезентативка, Јована Кипријановска ги доби почестите да биде дел од дрим тимот од третото и четвртото квалификациско коло за ЕП 2026.

Кипријановска одигра одлични дуели против Белгија по што ваквиот развој на настаните не изненадува никого.

Според ЕХФ кој што практикува да ги бира најдобрите по две одиграни кола, Кипријановска е прогласена за најдобар десен бек.

Нашата ракометарка со седум гола беше најефикасна при несреќниот пораз во Белгија, а потоа даде и шест гола на реваншот во Куманово во победата над истиот ривал, наметнувајќи се како еден од лидерите на оваа македонска репрезентација.

 

ПретходноПобедата на Работнички посветена на Дашмир Елези
СледноДвајца играчи добија доживотна забрана во МЛС поради нелегално обложување