ЛШ: Галатасарај повторно најде начин и го победи Ливерпул (ВИДЕО)

46
фото: Galatasaray (X)

Фудбалерите на Галатасарај славеа со 1:0 во првото осминафинале во Лигата на шампионите на УЕФА, откако вечерва на домашен терен го победија англискиот шампион Ливерпул. Ова е втора идентична победа за турскиот шампион во пресметките со Ливерпул, откако „црвените“ на истиот стадион загубија со истиот резултат и во лигашката фаза од најсилното европско натпреварување.

Моментот на одлука се случи во 7. минута,кога по едно уфрлување од страна, Осимен ја спушти топката во петероцот на несигурниот Мамардашвили, а Лемина со глава ја спроведе во неговата мрежа. До крајот и Ливерпул и Галатасарај постигнаа по еден гол, но и двата беа помиштени со ВАР.

Галата ја оствари четвртата последователна победа во сите натпреварувања, а победата над Ливерпул е и нивна шеста по ред на домашен терен. За реваншот по седум дена Арне Слот треба добро да размисли како ќе ја брка оваа негатива, која не е воопшто наивна, особено што Ливерпул на два меча со Галатасарај не успеа да постигне ниту гол.

ПретходноРеал го вклучи и Покетино меѓу кандидатите за нов тренер следната сезона
СледноНестор подобар од Алекс на пенали, Славен оди во полуфиналето на Купот на Хрватска