Тврдо прво полувреме без голови на „Ст. Џејмс Парк“. Њукасл и Барселона завршија без голови 0:0 во полувреме во кое и двата тима имаа позиции од кои можеа и да го отворат резултатот. Сепак, за прв гол ќе мора да почекаме до вторите 45 минути.
Вистинска фудбалска бламажа претрпи Тотенхем уште во првата половина на гостувањето кај Атлетико во Мадрид. Домашните рано поведоа, уште во шестата минута, кога Ромеро ја додаде топката од работ на шеснаесетникот до голманот Кински, а 22-годишниот Чех, обидувајќи се да ја отстрани топката се лизна и падна. Топката отскокна до играчите на Атлетико, а Љоренте ја испрати во мрежата за 1:0. Во 14-тата минута, дефанзивецот на Спарс, Мики ван де Вен, се лизна додека се обидуваше да ја фати топката. Антоан Гризман ја пресретна и го постигна вториот гол. Само една минута подоцна, мадридскиот тим постигна трет гол, откако Кински повторно киксираше сам, па Хулијан Алварез погоди за 3:0. Робин Ле Норманд постигна гол во 22-тата минута за 4:0, а Педро Поро намали на 4:1 во 26-тата минута.
Баерн (М) с епрошета во првото полувреме кај Аталанта и веќе има убедливи 3:0. Станишиќ, Олисе и Гнабри донесоа голема предност за гостите, кои со дорбо второ полувреме можат веќе во Бергамо да се промовираат во четвртфиналисти.










