Славен Белупо на Илија Несторовски се пласираше во полуфиналето на Купот на Хрватска откако денеска во четвртфиналето ја елиминираа Локомотива на Александар Трајковски по подобро изведување на пенали. По 90 и 120 минути резултатот беше 1:1.
Првото промашување се случи во втората серија, кога Домагој Антолиќ за Локомотива ја погоди гредата, но веднаш потоа Лука Саватовиќ го одбрани ударот на Иван Чубелиќ. Лука Дајчер стана трагичната фигура на Локомотива, кој исто така го промаши целиот гол во четвртата серија.
За Славен од белата точка погоди Несторовски, а прецизен беше и Трајковски за Локомотива.










