Само трите бода имаат вредност за Работнички на дуелот со Арсими

50
ФОТО:.facebook.com/fcrabotnicki

Работнички е во незавидна позиција и мора да победува ако сака да ја намали негативата во однос на конкурентите за опстанок во елитата. Само така може да ги зголеми надежите за да остане дел од Првата фудбалска лига и следната сезона. Секој натпревар за клубот од Дебар Маало е неверојатно значаен во тој поглед, а од денешната пресметка посакуваат три бода. „Мотивирани сме да ги освоиме трите бода. Знаеме каква е нашата позиција на табелата, само победа ни е опција на денешниот меч. Арсими има квалитетен тим, но ние немаме друг избор освен да притискаме за освојување за бодовите. Верувам дека можеме да ја исполниме целта и да продолжиме со борбата за опстанок“, изјави Сухељ Мухарем, напаѓачот од кого се очекуваат голови.

Натпреварот меѓу Работнички и Арсими се игра денеска од 14 часот на Националната Арена Тодор Проески и е последен од 22. коло во Првата лига, со што ќе биде заокружен и вториот круг од првенството.

ПретходноДве сценарија го водат Вардар 1961 во 1/4 финалето во Европската лига
СледноУ-16: Македонија ќе одигра два контролни натпревари против Летонија!