Синоќа беше извршена ждрепката за 1/4 финалето во ФА Купот, а потоа веднаш следуваа обвинувања дека истата е “наместена“ со цел само еден клуб да добие шанса да го освои трофејот.
Имено, дербито од четвртфиналето ќе се игра помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул на „Етихад“ и ќе биде вистински спектакл.
Арсенал ќе патува во Саутемптон, тимот што игра во Чемпионшип, и јасно е дека „топџиите“ се фаворити за пласман во четвртфиналето.
Челзи би требало да има прилично лесна задача бидејќи ќе го пречека Пор Вејл на својот терен.
Одредени групи навивачи во никој случај не се задоволни од ждрепката и веруваат дека сè било наместено.
Ова се коментарите на фановите, посебно тие на Ливерпул:
-„Сигурен сум дека ФА Купот е секогаш наместен против Ливерпул. Ние постојано ги добиваме најтешките натпревари, додека другите тимови од Премиер лигата играат против најниско рангираните противници.Сега стана навистина смешно“,
-“Премногу тешко брате. Овој ФА Куп е наместен за Челзи да го освои. Само од нив зависи да играат и да го освојат.“
-„Како може ФА Купот да биде наместен така. Арсенал добива нов тим од Чемпионшип, а ние играме против Сити на гости?“
-„Финалето помеѓу Челзи и Арсенал е наместено“.
Секако, ниту еден од навивачите нема докази што ги поткрепуваат своите тврдења, но тие го изразија своето мислење.
Несомнено е дека навивачите на Ливерпул се чувствуваат тажно затоа што мора да одат на „Етихад“, додека Арсенал и Челзи имаат, барем на хартија, лесни задачи.
Натпреварите од 1/4 финалето се играат на 4 април.










