Јокиќ со нов трипл-дабл, Шај со победничка тројка, срамен потег на Дорт!(ВИДЕО)

509
фото: Denver Nuggets (X)

Нов спектакл и ново “тепање“ кога играат Денвер и Оклахома. Иако Денвер Нагетс претрпеа болен пораз против Оклахома со резултат 129:126, овој дуел ќе остане во аналите на НБА како ноќ во која модерната кошарка ги надмина рекордите на некои од најголемите легенди на сите времиња.

Никола Јокиќ повторно ги помести границите на можното, станувајќи апсолутен рекордер во модерната ера на кошарката. Српскиот центар стигна до својот 323-ти натпревар во кариерата со учинок од најмалку 20 поени, 10 скока и пет асистенции, со што го престигна познатиот Карим Абдул Џабар на вечната листа и постави рекорд што никој не го достигнал во последните 65 години.

Неверојатниот трипл-дабл од 32 поени, 14 скока и 13 асистенции сепак не беше доволен за триумф, бидејќи на другата страна блескаше Шај Гилџес-Александер, кој исто така испиша историја. Канаѓанецот постигна 35 поени на овој натпревар, што беше негов 126-ти натпревар по ред со најмалку 20 поени. Со овој резултат, Шај го израмни еден од најдолготрајните рекорди во лигата, кој го држеше легендарниот Вилт Чемберлен од 1963 година. Гилџес-Александар беше тој што во последните секунди, по поените на Јокиќ за израмнување, постигна одлучувачка тројка и му донесе победа на својот тим.

За жал, историската вечер и фантастичната кошарка беа малку засенети од срамниот потег на Лу Дорт. Само минута пред крајот, во моментите кога резултатот се кршеше, Дорт намерно и силно го удри Јокиќ во лицето, поради што српскиот ас заврши на паркетот, а судиите му досудија на дефанзивецот на Оклахома намерен фаул. Ова беше веќе втор физички конфликт меѓу овие двајца играчи во последните десет дена, откако Дорт беше исклучен во претходниот натпревар поради сопнување на Јокиќ.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:Кливленд – Филаделфија115:101, Бруклин – Мемфис 126:115, Јута – Голден Стејт119:116, ЛА Клиперс – Њу Јорк 126:118.

ПретходноАдам Марушиќ е човекот на одлука, Лацио конечно победи!
СледноНовак е чудо: Најдобриот на сите времиња со две победи во ист ден на Индијан Велс!(ВИДЕО)