БОМБА: Манчестер Јунајтед го пикираше Елиф Елмас

631

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се најде на радарот на Манчестер Јунајтед, откриваат италијанските медиуми.

„Елмас Првично беше доведен за да ја преземе улогата на офанзивен играч од средниот ред, но повредите во тимот го принудија Антонио Конте да го користи на различни позиции. Одличниот Македонец сега игра и во централниот среден ред, дефанзивниот среден ред, па дури и на двете крила. Елмас е исклучително разновиден, што ја зголемува неговата привлечност за европските клубови“, пишува Тутомеркато.

Овој медиум тврди дека Јунајтед го сака македонскиот фудбалер и тоа уште во јуни.

„И други клубови од Премиер-лигата, вкучувајќи го и Манчестер Јунајтед, би можеле да влезат во игра поради неговата „екстремно ниска“ проценета цена од 16 милиони евра. Ова е опцијата за купување што беше вметната во неговиот договор кога се пресели во Наполи од Лајпциг. Екипата на Конте може да одлучи да ја активира, а подоцна да го продаде играчот, остварувајќи профит без нивната цена да биде превисока“ – дополнува Тутомеркато.

ПретходноСелцова: Имаме подмладен тим, но мотивирани сме и одиме на победа против Данска
СледноПретседателот на ПСЖ „заглави“ поради конфликтот на Блискиот Исток