Лидерот на ПМФЛ конкуренцијата, екипата на Вардар својот следен домашен дуел ќе го одигра на матичниот свој стадион, Арената Тодор Проески во Скопје.
Со ова дефинитивно е одлучено, Вардар да се врати дома што се вели, и да го замени Комплексот Петар Милошевски каде што пролетва ги играше своите домашни мечеви со нашиот најголем стадион.
Од ФК Вардар информираа дека билетите за дуелот против Брера кој што е закажан за в сабота од 14:30 часот веќе се пуштени во продажба и можат да се набават на билетарата на Арената.
https://mktickets.mk/event/fk-vardar-fk-brera/










