Од сабота до понеделник: Познати се термините и сатниците на мечевите од 23.коло во ПМФЛ!

251
ФОТО: FFM.MK

Нема време за преголем одмор за нашите прволигаши. Имено веќе во сабота стартува “третиот круг“ во кој ќе се одиграат 11 кола. Распоредот е познат, се разбира дека само се чека на конечен договор за тоа кој ден ќе игра. Инаку и во третиот круг, од објективни причини, секое коло ќе биде „развлечено“ во три дена.

Па така првото од третиот круг или 23. коло ќе се игра од сабота до понеделник.

Се стартува со саботните дуели Струга ТЛ – Македонија ЃП и Вардар – Брера. Мечот во Струга е закажан со почеток од 12 часот, додека оној во Скопје од 14:30 часот. Да спонемене дека Вардар по извесно време се враќа на Арената “Тодор Проески“. Досега оваа пролет лидерот своте мечеви како домаќин ги играше на ФФМ.

Подолу ги имате термините и сатниците на сите мечеви од 23.коло:

САБОТА (14.03.2026)

Струга ТЛ – Македонија ЃП (12:00 Ч)

Вардар – Брера (14.30 Ч)

НЕДЕЛА (15.03.2026)

Тиквеш – Шкупи (12:00 Ч)

Шкендија – Арсими (14:30 Ч)

ПОНЕДЕЛНИК (16.03.2026)

Силекс – Пелистер (14:30 Ч)

Башкими – Рботнички (14:30)

ПретходноТФТ со соопштение: Мечот со МЗТ Скопје ќе се игра во Гевгелија без гостински навивачи!(ФОТО)
СледноКошаркарките убедливо поразени од Данска