Скандалозно: Фудбалерките на Љуботен го напуштија теренот по поништен гол!

381

Скандал во мак – фудбалот. Имено дерби мечот меѓу АСС Јунајтед и Љуботен не се доигра до крај откако гостинките од Тетово по поништениот гол во финишот на мечот го напуштија теренот во Струга.

Тие сметаа дека голот што го постигнале требало да биде признаен а не поништен, дека биле оштетени и затоа го прекинаа натпреварот, односно го напуштија теренот. Инаку на Љуботен ова беше втор поништен гол на овој меч.

Сега на потег се надлежните органи во Фудбалската федерација на Македонија да одлучат што и како со овој прекинат меч.

Инаку главен судија на овој меч беше Изеири Вјолца а помошници Филип Ицковски и Мартин Петковски.

ПретходноИнфантино со нулта толеранција за расизам во фудбалот
СледноАмериканска актерка е причината за хаосот кој што му се случува на Дончиќ