Тиквеш без проблем го реши Ангели

36

Тиквеш дојде до нова победа во домашниот шампионат, откако на домашен терен славеше против Ангели со 114-90 во меч од 18 коло. Кавадарчани дојдоа до осмата победа, која е важна за задржување на местото кое води во плеј-оф. На другата страна за скопскиот состав ова беше 17 пораз сезонава.

Тиквеш ја имаше контролата на резултатот од самиот почеток, со добра игра во втората четвртина практично го најави победникот. Токму во вторите десет минути имаше водство од 52-30, кое воопшто не беше тешко да се сочува за убедлив и заслужен триумф.

Тандемот Хокинс и Парсонс го предводеа домашниот тим до победа, двајцата заедно постигнаа 45 поени, добра партија пружи и Димитриев кој имаше 18 поени.  На другата страна Хуг имаше 25 поени.

ПретходноАмериканска актерка е причината за хаосот кој што му се случува на Дончиќ
Следно„Бомба“: Капитенот на Јунајтед пред можен трансфер во Арсенал?!