У-20:Атанасовски донесе победа против Лихтенштајн

206
ФОТО: FFM.MK

Репрезентацијата до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа. Овој пат составот предводен од Александар Таневски на домашен терен го совлада Лихтенштајн со 1:0.

Натпреварот беше решен во 34. минута кога по нафрлената топка од корнер пред противничкиот гол најснаодлив беше Лука Атанасовски кој го постигна единствениот погодок.

Нашата репрезентација беше поквалитетен противник во текот на мечот имаше уште неколку можности да ја затресе мрежата на Лихтенштајн, но на крајот славевме само со еден гол.

МАКЕДОНИЈА: Љупче Џеков (Стефан Јовановски 65), Златко Радески, Андреј Велков (Андреј Мурџески 87), Лука Атанасовски, Адис Мурати (Милош Спасовски 77), Илија Масларовм Адмир Љатифи (Виктор Делов 65), Харун Незировски (Армир Иса 77), Никола Величковски (Тео Мировски 87), Тео Сандев (Давид Матески 65), Димитар Данев (Давид Голубов 87)

ПретходноКошаркарките убедливо поразени од Данска
СледноЧаир го освои Гостивар, домаќинот доцна се разбуди