Екипата на Чаир дојде до четвртата победа во низа, вкупно девета сезонава, откако на гостувањето кај Гостивар славеше со 76-81 во меч од 18-то коло. На другата страна пак Гостивар дојде до 14 пораз, има само четири победи и се наоѓа на претпоследното место н табелата во Супер-лигата.
Најпрецизни кај победникот беа Џејлин Билингсли со 19 и Ламар Четмен со 15 поени, додека во екипата на Гостивар убедливо најдобар беше Марјан Младеновиќ со 27 поени.
Гостите ги добија првите три четвртини, додека пак домашниот тим доцна се разбуди, во последниот период беше подобар со 30-17, но недоволно за да се врати во целост во овој дуел.
Претходно Чаир отвори со 20-27 после првите десет минути, на полувремето водеше со 30-44.










