Чудо во НБА-лига: Даде 83 поени и го урна рекордот на Коби Брајант (ВИДЕО)

445

Бам Адебајо одигра еден од најдобрите натпревари во историјата на НБА, постигнувајќи 83 поени и го предводеше Мајами Хит до победа од 150-129 над Вашингтон Визардс.

Адебајо доминираше од самиот почеток. Првата четвртина ја заврши со 31 поен, имаше 43 на полувремето и на крајот од третата четвртина дојде до 62 поени.

Го заврши натпреварот шутирајќи 20/43 од поле, 36/43 од линијата за слободни фрлања и 7/22 од линијата за три поени.

Центарот на Мајами, исто така, собори два лигашки рекорди за слободни фрлања во еден натпревар – и по бројот на реализирани шутеви и по бројот на обиди.

Претходниот рекорд за бројот на реализирани обиди го држеше Двајт Хауард со 39, што го имаше во два наврати. Рекордот за најмногу реализирани слободни фрлања беше 28, на Вилт Чемберлен и Адријан Дантли.

Чемберлен стигна до тие 28 слободни фрлања во историски натпревар во 1962 година кога постигна 100 поени – сè уште најдобриот настап во историјата на НБА.

Со овој настап, Адебајо го надмина и својот кошаркарски идол, Коби Брајант, чиј рекорд во кариерата беше 81 поен, а сега го држи вториот најдобар резултат во постигнувањето поени досега.

Претходниот рекорд на Мајами Хит за поени во еден натпревар го држеше Леброн Џејмс, кој постигна 61 поен против Шарлот Хорнетс на 3 март 2014 година.

Најефикасниот натпревар во тековната сезона досега го имаше Никола Јокиќ од Денвер Нагетс со 56 поени.

Резултати:

Филаделфија – Мемфис 139:129
Атланта – Далас 124:112
Бруклин – Детроит 100:138
Мајами – Вашингтон 150:129
Хјустон – Торонто 113:99
Милвоки – Феникс 114:129
Сан Антонио – Бостон 125:116
Голден Стејт – Чикаго 124:130
Портланд – Шарлот 101:103
Сакраменто – Индијана 114:109
ЛА Лејкерс – Минесота 120:106

ПретходноДоминацијата на Вардар 1961 против Мелсунген во 180 секунди (ВИДЕО)
СледноДончиќ проговори за разделбата: Донесов тешка одлука, ги сакам моите ќерки – ќе се борам за нив