Американска актерка е причината за хаосот кој што му се случува на Дончиќ

809

Лука Дончиќ е пред сериозен животен предизвик. Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, и член на ЛА Лејкерси има огромни приватни проблеми, откако и самиот објави дека ја прекинува долгогодишната врска со својата партнерка и мајка на двете негови ќерки, Анамарија Голтес.

Тој го потврди тоа во изјава за ЕСПН додавајќи дека проаѓа низ тежок период.

Сепак, Американците не застануваат тука и ја дополнуваат приказната со информацијата кој е всушност вистинската причина што Дончиќ го прави овој потег.

А тоа е неговата наводна врска со актерката Медлин Клајн. Наводно двајцата се видени повеќепати заедно во ЛА, но ниту еден од нив не ја потврди врската, барем засега.

 

ПретходноСкандалозно: Фудбалерките на Љуботен го напуштија теренот по поништен гол!
СледноТиквеш без проблем го реши Ангели