Спектакуларен Реал Мадрид! Фантастичен Федерико Валверде и очаен Манчестер Сити кој уште по првиот меч од 1/8 финалето е пред елиминација.
Накусо, Валверде – Манчестер Сити 3:0, а можеше да биде и 4:0 ако Винисиус во 58.минута го реализираше ударот од белата точка, ама Џиџи Донарума успеа да го одбрани тој пенал.
Уругваецот стрелаше во 20.минута, потоа во 27. и во 42.минута и испиша историја. Да, во Реал го немаше Килијан Мбапе, ама затоа тука беше токму Феде.
Реваншот се игра на 17 март во Манчестер, ама јасно е дека тимот на Пеп Гвардиола е пред елимининација. Па така на повидок е спектакуларен двомеч во 1/4 финалето меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, ако се знае дека вчера “баварците“ на гости кај Аталанта славеа со 0:6.
Спектакл и во Париз, каде во меч меѓу европскиот и светскиот првак, ПСЖ со 5:2 го победи Челзи. Баркола, Дембеле, Витиња и Кварацкелија два беа стрелците за домашните, додека кај гостите стрелаа Густо и Фернандез. Беше 1:1, беше и 2:2, но сепак на крајот “светците“ славеа со два гола разлика.
Бодо/Глимт со ново ЧУДО. Норвежаните на свој терен просто го збришаа Спортинг Лисабон со 3:0 и се на чекор до историски пласман во следната фаза. Фет од пенал, Бломберг и Хог беа стрелците за Бодо/Глимт.










