Овие два тима имаа жестока пресметка во Купот на Македонија, што пак е најава за нов интересен натпревар, битолчани ќе бараат кам-бек на победничките патеки после поразот од МЗТ Скопје, додека пак Куманово да го задржи ритамот после триумфот над Гостивар.
„Максимално сме мотивирани и желни да стигнеме до победата против Куманово. Играме со ривал што е дисциплиниран во нападот, голем дел од тактиката е на нивните високи играчи, но имаат и кошаркари што знаат да погодат од далечина, така што можат да бидат крајно незгодни. Верувам во нас, нашата предност е во трчањето, во транзицијата и во агресивноста. Клучно ќе биде да го наметнеме ритамот што ни одговара на нас, ако го сториме тоа верувам дека на крајот ќе стигнеме до победата“, вели Никола Малешевиќ во пресрет на денешниот натпревар.
Покрај оваа средба ќе се одиграат уште четири меча: Тиквеш е домаќин на Ангели (17 часот), Гостивар го пречекува Чаир во 18:30 часот, додека пак Кожув – Феникс и Работнички – Маџари играат во 19 часот.










