Барса е некоја друга димензија: Убедлив пораз на Пелистер за крај во ЛШ!

126

Барселона – Пелистер 47:27 е исходот на вечерашниот меч од 14.коло во Лигата на шампионите во групата Б. Ова беше и последен меч за нашиот шампион во годиненешниот настап во најквалитетното европско натпреварување. Па така битолчани завршија како претпоследни во групата, само пред Загреб.

Јасно беше и пред овој меч дека Барселона е некоја друга димензија, ракометарите на Стевче Алушовски беа однапред „прежалени“, но сепак ретко кој очекуваше ваков дебакл, вака висок пораз со 20 голови разлика.

Уште од почеток на средбата се виде дека Барса сака само победа и тоа убедлива. Пелистерци колку и да се трудеа сепак беа немоќни пред така големите ѕвезди на Барселона. Па на пауза се замина со неверајатни 24:15.

Се чинеше дека каталонската гордост ќе го смали гасот што се вели, но не беше така. Тренерот Ортега менуваше, но и тие што беа на терен одиграа на врвно ниво, па така само прашање беше каков ќе биде дебаклот на Пелистер.

Ова беше спектакл во “Блауграна“, ова беше рекорд на Барселона во ЛШ по постигнати голови, 47 вкупно.

Јасно е дека ова не е силата на Пелистер, но битолчани едноставно немаа своја вечер. Постигнаа 27 ама примија дури 47.

Сола Бастера постигна 7 голови, Дика Мем запиша шест голови, додека Халгримсон имаше 12 одбрани.

Во таборот на Пелистер по три голови запишаа Манасков, Видомски, Ристевски, Граховац, Хенингман, Кузмановски и Петар Атанасијевиќ. Хеидарад имаше четири одбрани.

На останатите мечеви беа постигнати овие резултати: ГОГ – Загреб 33:28, Висла – Сегед 30:30, ПСЖ – Магдебург 34:26.

ПретходноДа се знае кој е кој: Лео Меси испишува историја!
СледноРеал Мадрид со 160 милиони тргнува по ѕвездата на Баерн Минхен!