Репрезентацијата на Македонија до 16. години предмалку на комплексот Петар Милошевски во Скопје во пријателски натпревар беше поуспешна од соодветната селекција на Летонија со конечни 2:1.
Стрелци на головите на нашиот тим беа Медин Емини во првиот дел, и Адриан Велевски во второто полувреме, кој што постигна убав гол од дистанца.
Вториот дуел помеѓу овие две селекции ќе се одигра на 13 март со почеток во 13:00 часот.










