Познат е противникот на ТФТ во плеј-офот во АБА2-лига

73

Екипата на ТФТ останува единствениот македонски претставник кој ја продолжи битката во АБА2-лига. Тимот од Тафталиџе по вторпат во својата историја ќе игра во плеј-офот, а за противник го доби Златибор.

Српската екипа ќе ја има предноста на домашен терен, а четвртфиналето ќе се игра во два добиени натпревари.

Златибор регуларниот дел од сезоната го заврши на второто место, додека ТФТ на седмата позиција.

За потсетување МЗТ Скопје не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри екипи во АБА2-лига и својата сезона во ова натпреварување ја заврши.

ПретходноБарселона последна европска станица за Пелистер во ЛШ
СледноЛШ – 1/8 финале: Мадрид ќе “гори“, во Париз на мегдан европскиот против светскиот првак! (ФОТО)