Полувреме во ЛШ: Валверде – Сити 3:0, и ПСЖ и Бодо/Глимт со водство!(ВИДЕО)

95
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Уф, каква партија на Федерико Валверде, капитенот на Реал Мадрид. Уругваецот во првото полувреме од првиот меч од 1/8 финалето во ЛШ, тој му даде три гол на Манчестер Сити, па така Реал на пауза замина со убедливи 3:0. Валверде стрелаше во 20, 27 и 42.минута. Ова е историска партија на капитенот на “кралевите“ кои играат без Мбапе, Родриго, Белингем.

На останатите два меча Бодо/Глимт води со 2:0 против Спортинг Лисабон со головите на Гет и Бломберг, а ПСЖ има водство од 2:1 против Челзи. Стрелци беа Баркола и Дембеле кај домашните и Густо кај гостите.

ПретходноКусо видео кое кажува низ каков терор минуваат репрезентативките на Иран!(ВИДЕО)
СледноДа се знае кој е кој: Лео Меси испишува историја!