Се играше 90+5.минута завчера во Тетово, Шкендија имаше водство од 1:0 и речиси се беше готово актуелниот шампион да ја забележи и шестата победа во шестиот меч оваа пролет. Но така не мислеа играчите на Брера, а посебно не Виктор Велкоски кој постигна гол за 1:1 и со тоа на својот тим му донесе голем бод среде Тетово, а Шкендија ја шокираше. И не само поради овој гол според „СпортСпорт“ токму Виктор е играч на ова 22.коло, туку и поради неговата игра во текот на целиот меч против големиот фаворит под Шара.
Покрај него во тимот на колото се и Диковски и Петровиќ (Брера), Пејовиќ и Манојлов (Работнички), Дарко Велковски и Цветковиќ (Вардар), Најдовски, М.Стојанов и Лучиано (Тиквеш), Компаоре (Струга ТЛ).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ВИКТОР ВЕЛКОСКИ
Тим: Брера Струмица
Роден: 14.11.1995 во Скопје
Кариера: Вардар, Пелистер, Љубанци, Скопје, Победа, Егиниакос, Работнички, Љачи, Брегалница, Туран, Брера















