Кнутсен: Дуелот во Лисабон ќе биде сосема поинаков

41
BODO, NORWAY - MARCH 11: Kasper Hogh of Bodo/Glimt celebrates scoring his team's third goal during the UEFA Champions League 2025/26 Round of 16 First Leg match between FK Bodo/Glimt and Sporting Clube de Portugal at Aspmyra Stadion on March 11, 2026 in Bodo, Norway. (Photo by Carl Recine - UEFA/UEFA via Getty Images)

Тимот на Бодо Глимт го живее својот европски сон веќе неколку месеци. Малиот норвешки клуб не само што ја мина групната фаза од Лигата на Шампионите, туки вчера во рамките од осминафиналето од ова натпреварување на свој терен го декласира Спортинг Лисабон со огромни 3:0.

Резултатот секако дека прија, а тренерот на Бодо, Кјетил Кнутсен, задоволен но и претпаслив во изјавата  по мечот.

„Чувството е многу убаво. Ми се допадна како игравме, особено во првото полувреме. Спортинг ни остави многу слободен простор и ние го искористивме тоа“, призна Кнутсен по натпреварот во Норвешка. 

„По паузата, дејствувавме малку поотворено отколку што требаше. Му дозволивме на Спортинг да направи многу контранапади и ни беше потешко да се браниме“, објасни долгогодишниот тренер на Бодо.  

„Реваншот ќе биде сосема поинаков. Сега сум среќен со денешната победа. Ќе ги искористиме на најдобар можен начин следните неколку дена. Вториот натпревар сигурно нема да биде ист и треба добро да се подготвиме“, рече Кнутсен. 

ПретходноЛазаров го објави списокот за мечот со Австрија
СледноСе појави во јавноста и трагичарот на Тотенхем: Сонот стана кошмар, но ќе се вратам назад