„Финалисима“ се сели од Катар во Мадрид

182

Дуелот помеѓу европскиот шампион Шпанија, и јужноамериканскиот Аргентина, кој што требаше првично да се одигра во Катар на 27 март, на стадионот Лусаил, поради новонастанатата ситуација ќе се пресели најверојатно во Шпанија, и ќе се одигра на Сантијаго Бернабеу во Мадрид.

Воените дејствија на Блискиот исток и тоа како ги премонеија плановите и на фудбалски план, меѓудругото и за овој повод. Неколку недели се разгледуваа опциите каде да се пресели овој меч, а опции беа Луж во Лисабон, Вембли во Лондон, Олимпико во Рим и Сан Сиро во Милано. Сепак, на крајот раководните структури на ФИФА одлучија мечот да се игра во Мадрид.

Аргентина првично се противела за мечот да се игра во Мадрид, со што Шпанија во буквална смисла би била домаќин но зафатеноста на останатите стадиони го присили организаторот на овој потег.

ПретходноСе појави во јавноста и трагичарот на Тотенхем: Сонот стана кошмар, но ќе се вратам назад
СледноФорбс: Федерер и официјално е милијардер